Претседателот на државата Стево Пендаровски проблемот со загадувањето го става на високо ниво и најавува дека за овој проблем ќе се разговара на Советот за безбедност. Пендаровски се сретнал со преставници на невладинте организации кои побараа од него да се вклучи во решавање на овој проблем.
–Несомнено за сузбивање на овие појави, но и, воопшто,на проблемот со прекумерното загадување, потребна е координација и максимално инволвирање на сите надлежни органи. За таа цел, јас планирам проблемот со загадувањето на животната околина да се стави како точка на наредната седница на Советот за безбедност. Следствено на ова ќе следи и интензивирање на комуникацијата и координација токму со вас, граѓанските организации, кои дејствувате во сферата на екологијата. Верувам дека сите заедно може да придонесеме за надминувањето на овој проблем. Јас, како претседател на Република Северна Македонија, се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации – наведува Пендаровски во одговорот.