Македонија 18. декември 2019. / 13:35

Пендаровски ќе ги смирува навивачките групи, ОНА и МВР

Пендаровски ќе ги смирува навивачките групи, ОНА и МВР

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето во Парламентот најави и дека во неговиот кабинет до крајот на годината за првпат ќе се организира средба на навивачките групи.

До крајот на годината, за првпат во кабинетот на еден претседател, ќе организираме серија средби на навивачките групи во кои се активни млади со различна етничка припадност, и на кои средби, на моја покана, ќе бидат присутни и неколку учесници и сведоци од конфликтот во 2001-та, кои тогаш беа на различни страни.Мојата цел е на овие млади луѓе преку директни примери да им ја покажеме, од една страна, цената на насилството, а од друга, вредноста на дијалогот и дебатите и за најтешките прашања со кои сме соочени во нашата заедничка земја“, изјави Пендаровски.