Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Летонија, Луксембург и на Ирска во нашата држава.
Акредитивните писма на претседателот Пендаровски ќе му ги предаде Гунта Пасторе, новоименувана летонска амбасадорка во Македонија, со седиште во Прага, како и Филип Донкел, новоименуван луксембуршки амбасадор во земјава, со седиште во Луксембург.
Претседателот Пендаровски ќе ги прими и акредитивните писма од страна на Пол Мекгери, новоименуван ирски амбасадор во Македонија, со седиште во Букурешт.