Претседателот на републиката Стево Пендаровски, ја откажа прес- конференција која беше закажана за во 14 оо часот, за да остави можност вонредна состојба да прогласи Собранието.
Останува нејасно која е потребата Собранието да се состанува во овие моменти, ако се знае дека во државата има пандемија на корона вирусот .
Оваа реакција на Пендаровски доаѓа, откако неговите партиски шефови Зоран Заев и Оливер Спасовски побараа да се состане Собранието што според експертите, е шверцерски начин за суспендирање на техничката влада и повторно инсталирање на Зоран Заев како премиер на државата.
Хаосот оди дотаму што поради реакција на неговите партиски шефови наместо на прес конференција, Пендаровски се обрати преку статус на Фејсбук во кој рече дека, доколку Собранието не се собере за да прогласи вонредна состојба, вонредната состојба ке ја прогласи тој.