Македонија 12. април 2019. / 22:13

Пендаровски ја праша Сиљановска: Како во ЕУ и НАТО без да ги прифатиме условите на Бугарија и Грција?

Пендаровски ја праша Сиљановска: Како во ЕУ и НАТО без да ги прифатиме условите на Бугарија и Грција?

Во вечерашната дебата меѓу претседателските кандидати на МРТ, Стево Пендаровски побара став од Гордана Сиљановска Давкова како ќе ја внесе Македонија во ЕУ кога таа е против договорите со Грција и Бугарија.

-Интересно е во дебата во дебата, не можеме да добиеме став од Силјановска, како ќе влезете во ЕУ ако сте против договорите со Бугарија и Грција. Ако имате експлицитен негативен став, тогаш вие зборувате само празна политичка реторика, рече Пендаровски.

На ова Сиљановска одговори дека како претседател таа сепак ќе ги почитува овие договори.

-Тажно е кога не се прави разлика меѓу Гордана како научник и Гордана како политичар. Како научник ќе ги критикувам недостатоците, но како претседател ќе ги почитувам двата договори, одговори Сиљановска.