На ТВ Алсат претседателските кандидати, Гордана Сиљановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето поставено од новинарот што ќе направат со Законот за јазиците ако станат претседател на државата.
Нема никаква опасност од растурање на државата, напротив со самото тоа ја јакнете кохезијата на општеството и граѓаните кои имаат право сега да го користат албанскиот јазик ја чуствуваат оваа држава како своја повеќе отколку претходно, одговори Пендаровски.