Македонија 03. април 2019. / 23:07

Пендаровски го најави Селмани како „првиот македонски Барак Обама“

Пендаровски го најави Селмани како „првиот македонски Барак Обама“

На вечераната конценција на СДСМ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, градоначалници, членови и симпатизери на партијата.

Освен Заев, обраќање имаше и поранешниот претседателски кандидат Имер Слемани кого Пендаровски го најави како „првиот македонски Барак Обама“.

-Стево е идниот шеф на државата и наша најдобра инвестиција зашто од него извира кристално јасната визија за заедничка Македонија: силна правна држава, економски развиена, безбедна и интегрирана во ЕУ и НАТО, порача Селмани.

Под мотото „Заедно напред“, Пендаровски на први април ја почна кампањата од Прилеп. Досега беше во скопските општини Аеродром, Центар, Сопиште и Студеничани, а утре, по средбите со граѓаните на Чашка, Лозово и Свети Николе, ќе одржи централен митинг во Велес.