Македонија 11. мај 2019. / 13:37

Пендаровски го доби уверението за претседател

Пендаровски го доби уверението за претседател

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница му го врачи уверението на Стево Пендаровски за претседател на Македонија.

Претходно, ДИК ги објави конечните резултати од претседателските избори согласно кои Пендаровски беше избран за шеф на државата.

Утре Стево Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието на Република Северна Македонија, со што и официјално ќе го почне петгодишниот мандат.