Македонија 07. април 2019. / 19:01

Пендаровски ги плаши Албанците: Ако дојде Силјановска, ќе ви го укине Законот за јазиците

Пендаровски ги плаши Албанците: Ако дојде Силјановска, ќе ви го укине Законот за јазиците

Кандидатот за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии Стево Пендаровски, на жителите на Шишево им порача дека го застапува концептот на единство и заедништво.

Доста беа делби, обединети, треба сите заедно да гледаме напред и за младите да направиме европска држава и иднина, е пораката на Пендаровски.

Тој порача дека ние сите сме исти и повика на 21 април и 5 мај да излезат масовно на избори, за да дадат поддршка да продолжи политиката која е поддржана од мнозинството граѓани, политики на заедништво, на едно општество за сите, за напредок.

-Единствено тоа не води кон Европа и НАТО. Политиката на Гордана Сиљановска ги следи насоките на Никола Груевски и Мицкоски и тоа ќе значи поништување Законот за јазици, ќе значи акции против напредокот и заедништвото. Тоа де факто значи трет мандат на Иванов, рече Пендаровски.

Пендаровски побара граѓаните, сите заедно, да не дозволат да се вратат тие политики назад, туку да дадат придонес за напред, за подобар живот, нови работни места и соживот. Изминативе две години, рече, гледаме целосно нов пристап во нашето општество, градиме заедништво, едно општество за сите, многу е важно да продолжиме по тој пат, рече Пендаровски.