Претседателот Стево Пендаровски смета дека работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за законот за јавно обвинителство ако има политичка волја.
Според Пендаровски, работата околу законот е исчистена и има уште две – три спорни прашања за кои двете партии имаат различно мислење.
Разликите за законот што се преостанати, вели Пендаровски, се толку мали што треба сите страни кои учествуваат да се надминат себе си и да најдат решение час поскоро во интерес на граѓаните.
Прашан дали е можно да свика нова лидерска средба за законот, шефот на државата рече дека одржува редовни контакти со сите лидери на политичките партии, но оти е многу битно да се види дали постои политича волја да се реши тој проблем.
Ако нема политичка волја бесцелно е да ги собирам. И Свети Петар да ги собере нема да најде решение. Ако има волја не битно е кој ќе ги организира и каде ќе се сретнат, тие ќе најдат решение за половина час, изјави Пендаровски при денешната посета на Велес во рамки на проектот „Лице в лице“.