Македонија 16. мај 2019. / 23:10

Пендаровски: Ако ЕУ не одобри датум за преговори за Македонија, може да се случи мигрантска криза

Пендаровски: Ако ЕУ не одобри датум за преговори за Македонија, може да се случи мигрантска криза

Стево Пендаровски упати предупредување до Европската Унија дека доколку не одобри датум за преговори за Македонија, може да се случи повторување на мигрантската криза. Претходните македонски власти ја запреа големата мигрантска криза во 2016 година, но доколку се потврдат шпекулациите, но во интервју за „Вол Стрит Журнал“ Пендаровски
ја отвора можноста за повторно отворање на границата со Грција, пишува Република.

Не сакам ова да звучи како закана, но доколку лидерите на ЕУ во јуни го блокираат отворањето на преговорите со аспирантски членки како Северна Македонија, ќе почне нова мигрантска криза, изјави Пендаровски за „Вол Стрит Журнал“.

И покрај менувањето на името, Македонија се соочува со извесно губење на јуни како датум за отпочнување на преговори. Ваквата изјава на Пендаровски предизвика реакции од познавачите на политичката состојба во земјата, кои се зачудени од одлуката на новоименуваниот претседател да упати заканувачка порака до ЕУ.

Мрачно предупредување за нова мигрантска криза на Балканот, напиша на „Твитер“ британскиот политички аналитичар Џејмс Кер Линдзи, кој обично е еден од погласните поддржувачи на Владата на СДСМ.

Неочекувано лош почеток за Пендаровски, додава Андреја Богдановски од Универзитетот Бакингам, за зачудувачката изјава на Пендаровски.

Според повеќе медиумски шпекулации, Пендаровски се подготвува во својот кабинет да ја ангажира Мерсиха Смаиловиќ, најдобро позната во јавноста како активистка за отворање на македонската граница кон Грција и за неограничено пропуштање на мигранти кон европски држави, пишува Република.

Нејзиниот ангажман би претставувал силен сигнал дека Пендаровски ќе применува драстично различна политика кон границата со Грција во однос на Иванов.

Отвореното уценување на ЕУ со мигрански бранови не е непозната пракса. Најпознатиот ваков обид дојде во 2015 година кога грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и порача на ЕУ дека, доколку не одобри средства за покривање на грчките долгови, Грција ќе почне уште помасовно да пропушта мигранти кон север, и нема да внимава дали меѓу нив можеби
има и исламисти.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека со коментарите изјавата на претседателот е извадена од контекст. Во понатамошниот тек од разговорот се гледало дека не зборува за мигранти, туку за иселувањето на нашите млади.

Многу од младите луѓе се уште тука и чекаат позитивен сигнал, но ако Европа се двоуми, тогаш многу од нив ќе заминат во Европа, вклучувајќи ги и криминалците, секако, вели Пендаровски во интервјуто.