Павле Трајанов од Демократски сојуз ќе дејствува независно во Собранието, најави претседателот на парламентот Талат Џафери на неформалната средба со новинарите.
Пратеникот ќе го следи примерот на двајцата пратеници од ЛДП, кои исто така се одвоија од коалицијата „Можеме“, како пратеничка група, иако се дел од владеачкото мнозинство.
Премиерот Зоран Заев претходно рече дека е стабилно парламентарното мнозинство по излегувањето на пратениците од ЛДП од владејачката коалиција, иако одлуката да настапуваат самостојно ја смета за удар кон СДСМ, бидејќи моментот не бил баш погоден за тоа.
Заев уверува дека излегувањето на ЛДП не е поврзано со најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ново парламентарно мнозинство. Владејачката коалицијата „Можеме“ за брзо време ќе го докажела параламентарното мнозинство со плус пратеници најави Заев.
Либерално демократската партија соопшти дека пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски ќе делуваат самостојно во парламентот. Иако ваквата одлука ја најавиле уште лани во август до сега од објективни причини не биле во можност да ја реализираат.
Трајанов смета дека самостојното делување на помалите партии носи повеќе процедурални погодности. Ситнењето на коалициите според него не мора да значат промена на власта. Павле Трајанов како лидер на Демократскиот сојуз е дел од коалицијата „ Можеме“ предводена од СДСМ.
Самостоен настап во парламентот остварија и четворицата пратеници на БЕСА иако официјално се во коалиција со СДСМ.