Македонија 09. ноември 2018. / 13:57

Павле Богоевски на Фејсбук: Груевски вo затвор ќе зема пратеничка плата

Павле Богоевски на Фејсбук: Груевски вo затвор ќе зема пратеничка плата

Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор, напиша на својот фејсбук-профил пратеникот Павле Богоевски, кој е претседател на собраниската на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Оваа Комисија пред два дена одлучи да му се одземе мандатот на пратеникот Груевски по правосилното решение за двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

-Барем додека не му се соберат пет години и автоматски не му го земеме мандатот врз таа основа- додаде Богоевски.

Со петгодишна затворска казна на пратеник во Собранието на Република Македонија по автоматизам му се одзема мандатот.

На денешната собраниска седница не му е одземен мандатот на Груевски затоа што за таа предлог-одлука не гласаа 80 пратеници, немаше двотретинско мнозинство.