Македонија 25. февруари 2020. / 09:10

Патникот од Италија примен на Инфективната клиника нема корона вирус

Патникот од Италија примен на Инфективната клиника нема корона вирус

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје, е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ . Патникот поминал низ термалната камера, којашто кај него не дијагностицирала симптоми на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22.00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно утврдениот протокол.

Од Министерството велат дека будно ја следат состојбата и во континуитет се постапува по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска се применуваат и нови зајакнати мерки за превенција од корона вирус.