Македонец од Германија пристигнал на скопскиот аеродром со лесно покачена телесна температура.
Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција за состојбата со корона вирусот, патникот тестиран за корона вирусот и е изолиран, како и дел од луѓето коишто седеле околу него.
Филипче додаде дека по пристигнувањење на резултатите ќе инфорира за неговата состојба и што ќе се преземе понатаму.
Министерот истакна и дека на аеродромот и на другите гранични премини целосно се почитува забраната за влез на странски државјани од земјите со висок ризик.