Македонија 14. февруари 2021. / 19:00

Патиштата во Дебарско се проодни, но се препорачува внимателно возење

Патиштата во Дебарско се проодни, но се препорачува внимателно возење

Регоналните патни правци во поширокиот дебарски регион, кои се под надлежност на дебарската секција на „Македонија пат“ се проодни, сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозите, потврди за МИА, раководителот на секцијата Деар Лиманоски.

-Нашите екипи се постојано на терен во расчистување на снегот, вршиме и посочуваме со абразивен материјал. На коловозите има остатоци од кашест снег, сообраќајот се одвива во зимски услови. Препорачуваме многу внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот, препорачува Лиманоски.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица(патен правец Дебар – Струга),патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.

Според Лиманоски овие делници се од прв приоритет и редовно се чистат, па се продолжува кон другите патните правци од следен проритет.

Снежната покривка на пониските места достигнува над 30 сантиметри, на повиските и над 50 сантиметри, додека во планснките населени места таа е повисока.

Локаланите власти во трите општини, Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше се целосно ангажирани во расчистување на снегот од патиштата, за што поседуваат и соодветна механизација а се ангажирани и фирми за тоа.

-Во расчистување на снегот од улиците низ градот и тротоарите вклучени се четири машини уште од вчера, но снег врнеше до претпладне па сега повторно расчистуваме, велат од локаланата власт во Дебар.

Снегот е добредојден за хидрологијата на ова подрачје, а секако најмногу нему му се израдуваа најмладите.