Македонија 12. мај 2020. / 14:36

Пашината џамија во Тетово ги отвори вратите за верниците

Пашината џамија во Тетово ги отвори вратите за верниците

Во најпознатиот муслимански верски објект во Тетово, Пашината џамија (Шарена џамија) верниците кои дојдоа на вратите од објектот наидоа на истакнати писмени упатствија за однесување поради паднемијата, а имаше средства за дезинфекција за раце и заштитни маски за на лице.

 

– Обврските кои се наложени за верниците се да дојдат од дома со свое сеџаде (мал теписон за клекнување при молитва – н.з.), како и дома да земат абдест (миење на раце, лице и нозе – н.з.), да се носи сопствен куран и заштитна маска за лице, истакна Менсур Мифтари, претседател на Одбор на Шарена џамија.

Во просторот за молитва во внатрешноста на џамијата задолженијата се да се држи дистанца, како и да се воздржуваат од поздравување со раце по завршување на намазот (молитвата).