Македонија 07. август 2018. / 18:39

Партиски војници ги чуваат децата во градинките!

Партиски војници ги чуваат децата во градинките!

По скандалот поврзан со градинката „Цветови“ од Гевгелија, на својот Фејсбук профил се огласи и претседателот на Општинскииот комитет, ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов кој воедно е и член на советот на Општина Гевгелија. Тој напиша дека СДСМ избркале од работа долгодишни негувателки со цел да стават партиски војници во детските градинки во Гевгелија.

-На 14-ата седница на Совет на Општина Гевгелија одржана на 29.06.2018 алармирав за катастрофалното менаџирање на новата локална власт во детските градинки во Општина Гевгелија,но советниците на СДС не прифатија да се разгледува актуелната ситуација во детските градинки во Општина Гевгелија, додаде Сарамандов во својот статус.

Имено градинката за која станува збор беше отворена во февруари годинава, каде што и присуствувавше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Тие се пофалија со условите во градинката, но овој настан го отвора прашањето дали на децата им е потребен соодветен простор или и соодветна нега. Сепак заклучокот е дека е потребна и соодветна нега и соодветни услови.

Градинката „Цветови“ е клон на градинката „Детска Радост“ каде се згришуваат и околу 20 деца со посебни потреби.