Денес во Скопје се одржа состанок на Централното Собрание на Партијата за движење на Турците. Се дискутираше за престојните Предвремени Парламентарни Избори кои ќе се одржат на 12 април 2020.
Централното Собрание на ТХП едногласно донесе одлука за предизборна коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, додека за кандидат за пратеник е избран Претседателот на партијата Енес Ибрахим, кој ќе биде номиниран на 6-то место во 5-та изборна единица, соопштуваат од Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП)