Македонија 02. октомври 2020. / 08:00

Пановски: Логично е месец јануари да биде критичен

Пановски: Логично е месец јануари да биде критичен

Професорот Никола Пановски во „Клик Плус“ синоќа рече дека се очекува кога ќе залади, вирусот повеќе да
се шири. За него логично е јануари да биде критичен.

„Логично е јануари да биде критичен месец. Друго е кога дува ветер, друго е кога има магла. И тоа има влијание“, рече Пановски.

Професорот Пановски смета дека кривата ќе почне да расте кога ќе се залади времето, односно
очекува од 15 ноември па натаму.

„Ако почне да расте кривата, ќе почне кога ќе залади, од 15 ноември натаму“, рече Пановски.