Горд сум што сум Македонец и што Гоце е Македонец, ние сме таа Гоцева раса, на власт е мафија која ништо не ценат и решени се да го продатат и најсветото, а тоа е Гоце Делчев, рече пред присутните на протестот, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Тој порача дека единствениот начин власта да се спречи во таквата намера е да излезе народ, да излезе многу народ.
Ве повикувам да излезмее помасовно и да кажеме дека сме Македонци од Република Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија!, порача Пандов.