Лидија Димова како прв човек на Националната агенцијата за европски образовни програми давала пари за фризерница и за обука на магариња. Оставка за Лидија Димова е најмалку нешто што треба да се направи, досега требаше да има истрага, за целата работа да се почне постапка, рече Александар Пандов, прв човек на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Дополнително, вели тој, станува збор за пари од европски програми. Пандов го спомена случајот и со Фондот за иновации.
Тоа очигледно оди по тоа да има список од СДСМ на кого да му се дадат пари, посочи Пандов.
Според Пандов вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски до сега требало да има нешто направено за случајот, а не вака само да има најава.
Ова е брутално крадење. Да се влезе во било која друга институција, како што ми кажуваат се трошат пари како да нема утре. Пример на овие лица е Зоран Заев и него го следат, а тоа нему му е својствено, вели Пандов.