Пратеникот Александар Кирацовски по исказот даден пред обвинителката Вилма Рускоска на Твитер се обиде сликовито да ја претстави својата невиност и уште еднаш да ја убеди јавноста фотографиите со Боки 13 не го прават соучесник во рекетот.
На ова реагира Александар Пандов, кој му порача на Корацовски да си поднесе оставка, зашто на сите им е јасно дека тој не го шетал Боки 13 по бизнисмени и градоначалници како Кирацовски, туку како генерален секретар на партијата и пратеник, со што ја злоупотребил положбата. Од партијата беше сменет, но народот не може да му го одземе мандатот.
-Е море лигуш еден, а јас да те прашам тебе. Полицаецот кој ти донел лопов во твојот дом, соучесник или не? По твое и да не е, затоа што бил глуп и неспособен да процени какво лице ти носи дома ќе биде суспендиран од работа. Во твојот случај ти рекетаров си го рашетувал по бизнисмени, не како Кирацовски, затоа што како таков никој од нив на тебе ни мрсул не би фрлил, туку од позиција на генерален секретар на владејачката партија СДС и како пратеник. Од партиската фунција те разрешија, а пошто народот нема можност како мандатот да ти го одземе, достоинствено од тебе би било по примерот на екс колега ти Павле да си поднесеш оставка, а не да се правиш будала, пишува Пандов.