Македонија 01. март 2020. / 21:28

Пандева од „Елена Лука“ демантира дека е заболена од корона вирус

Пандева од „Елена Лука“ демантира дека е заболена од корона вирус

По чаршиските муабети дека заболената жена од коронавирусот во Скопје е познатата Елена Пандева од „Елена Лука“, бидејќи наводно била надвор од државата, односно во Милано.

Преку видео, Пандева се обрати до јавноста и порача дека тоа се невистини и дека таа заедно со нејзиниот тим веќе подолг период не се биле надвор од државата.

Ве молам да се потрудиме да има помалку зло во нас. Може? Бог да ни е напомош, го молиме во овие времиња. Имајте поголема верба, повеќе љубов а помалку паника и страв. И овој тест ќе пројде…И оваа ситуација ќе ја замени друга и се така до крајот на животот, напиша таа на нејзиниот фејсубк-профил.