Поранешниот претседател на Кривичен суд Владимир Панчевски, на Фејсбук напиша дека утрово бил избркан како партал од канцеларијата и судската зграда.
Панчевски, кој вчера беше суспендиран од Судскиот совет, напиш дека официјално не бил известен за било која постапка на прогон против него.
– Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.
Така функционира овој криминален систем!
Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!
Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска! – напиша Панчевски на Фејсбук.
Инаку тој е обвинет за местење судски предмети, а на вчерашната седница е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија.