По објавената инфромација во медиумите дека Љупчо Палевски од Трета е брутално претепан од две лица на мотор со црни кациги. Економски Лидер има екслузивни детали за немилиот настан и здравствената состојба на Палевски.
Имено кога Љупчо Палевски се враќал кон својот дом во Дебар Мало две лица со кациги се симнале од мотор и го бутнале Палевски на земја и почнале да го клоцаат. Во моментов Палевски е во свесна состојба и му се прават прегледи, но е надвор од животна опасност, дознава Економски Лидер.