Македонија 13. март 2020. / 09:56

Паѓаат во вода тврдењата на Филипче: Прилепската болница нема доволно маски за заштита

Паѓаат во вода тврдењата на Филипче: Прилепската болница нема доволно маски за заштита

Соопштение преку кое се бара да се штеди на медицински маски во ЈЗУ „Борка Талески во Прилеп“, докажува дека минстерството за здравство крие од јавниоста дека здравствениот персонал низ замјата има недостиг на медицински маски.

Имeно Директирот Драги Богјески во своето известување до здравствените работници вели дека маски не е возможно да се набават на пазарот, а исто така бара и економично работење од персоналот. Доколку овие вработените престанат да користат маски, или подолого време користат една, тоа значи дека не се заштитени воопшто, односно нивната здравствена безбедност е оставена на милост и немилост, на „штедење“.

Инаку министерот за здравство тврдеше дека има доволно маски и во употреба и во резервите. Со ваквата состојба во прилепската болница се ставаат во опасност и пациентите и вработените.