Македонија 13. август 2019. / 14:04

Падна веб-страницата на Владата

Падна веб-страницата на Владата

„Падна“ веб-страницата на Владата и не е во функција. Таа не може да се отвори, а на линкот кој води до vlada.mk се појавува „error“.

Од Владата за „360 Степени“ изјавија дека и тие го забележале проблемот. По кусо време, страницата повторно се појави, па пак ја снема. Од Владата, засега немаат информации дали официјалната веб-страница некој се обидува да ја хакира.

Инаку, денеска се одржува првата седница на Владата по одморите.