Македонија 27. февруари 2021. / 09:39

Пад на природниот прираст во Македонија, лани повеќе починати отколку родени

Пад на природниот прираст во Македонија, лани повеќе починати отколку родени

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4 935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.8 отсто.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89.1.% во споредба со 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња, но ваквиот раст, според Државниот завод за статистика е поради доцнењето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали како последица на пандемијатa со КОВИД-19.

Природниот прираст изнесува минус 4 530, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 19.7 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2 689 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 540, што претставува намалување од 19.3 % во споредба со истиот период од 2019 година.