Македонија 06. март 2019. / 13:47

Ова порано не ми се случуваше: Зеколи добивал закани од симпатизери на СДСМ и ДУИ

Ова порано не ми се случуваше: Зеколи добивал закани од симпатизери на СДСМ и ДУИ

Аналитичарот и екс амбасадор на Македонија, Арсим Зеколи на својот Твитер профил се пожали дека редовно добивал зaкaни и бил мета на нaпaди од симпатизери и поддржувачи на актуелната власт, односно ДУИ, СДСМ, ДПА и Беса на Гаши. Имено, тој потенцира дека кон Владата на ВМРО – ДПМНЕ упатил многу поголеми критики, но никогаш не му се случило да добива зaкaни, а сега тоа му е секојдневие.

-И уште нешто. За сиот период додека пишував против ВМРО-ДПМНЕ под Груевски, ниту еднаш немам добиено зaкaни или нaпaди од нивни симпатизери. Ниту еднаш! За разлика од ДУИ, СДСМ, ДПА и Беса на Гаши. Иако споредбено против В/Д имам упатено многу поголеми критики.