Новиот пратеник Рубин Земон, кој го нарече ракометарот Стојанче Стоилов ментално неспособен, досега веќе два пати има менувано име, па нема да му биде проблем да го промени и името на нашата Република Македонија.
Рубин, кој се декларира како Египќанец, народ кој што, според него, дошол на Балканот во времето на Александар Македонски, според информации кои стигнаа до нашата редакција е роден Арифи, а потоа одлучил да си го промени презимето во Земон.
Рубин учествуваше во формирањето на партијата Алијанса за позитивна Македонија, во јавноста позната како партија на Владо Бучковски и Минчо Јорданов, чиј прв претседател беше новинарот Љупчо Зиков.
Откако стана претседател на Алијанса за позитивна Македонија, Земон, сакајќи да се оттргне од трагите на претходниот лидер, ја прекрсти партијата во ПОЕН, или Партија за општествен и економски напредок.
Седницата за менување на уставното име на Република Македонија е на прагот, па на овој нов пратеник, судејќи дека два пати претходно има менувано име, нема да му претставува воопшто проблем да го направи тоа уште еднаш.
Земон претходно беше посебен советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, а јавноста го запозна по неговата изјава дека најдобриот македонски ракометар Стојанче Стоилов е ментално нестабилен.
– Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански а потоа го стори истото и на македонски. Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент. Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен. Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи – анализираше поранешниот советник Заев.
Инаку Рубин доаѓа на пратеничкото место, откако координаторот на СДСМ Томислав Тунтев си поднесе оставка и замина на директорската позиција на Агенцијата за Цивилно воздухопловство на Македонија.