Македонија 22. мај 2020. / 09:40

Откажан собирот за Бајрам на стадионот во Чаир

Откажан собирот за Бајрам на стадионот во Чаир

Верскиот собир по повод Бајрам кој требаше да се одржи на стадионот во Чаир е откажан, пренесуваат албанските медиуми.

Не се знае која е причината за одложување на овој настан. Дали причината е апелот на ИВЗ поради корона кризата или пак најавата на владата дека ќе биде воведен 58 часовен полициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 изутрина.

Одлуката за забраната за движење треба да биде донесена денеска.