Македонија 13. ноември 2020. / 19:39

Откако убиец им избега од судница, од СДСМ тврдат дека случајот е доказ за ефикасноста на МВР

Откако убиец им избега од судница, од СДСМ тврдат дека случајот е доказ за ефикасноста на МВР

По објавата дека Агим Исмаиловиќ, на кого му се суди за учество во случајот „Монструм“, избегал од судницата и бил недостапен за полицијата, од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека тоа е доказ за неспособноста на МВР и дека министерот Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка.

СДСМ излезе со контра-реакција, тврдејќи дека брзото фаќање на Агим Исмаиловиќ е доказ за ефикасноста и способноста на Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ стои:

„Таман помисливме дека ВМРО-ДПМНЕ го допрела дното и не може да падне пониско денеска нова брука, ново незнење од оваа очајна партија.

Ниту некој му избегал на МВР ниту она што го наведува ВМРО-ДПМНЕ има врска со реалноста.

Осамен во белиот дворец, губнитикот Мицкоски не може да ја види реалноста.

МВР денеска експресно пронајде лице и го спроведе на издржување мерка притвор, откако претходно од надлежна институција добило известување дека го нема во судот.

Тоа е демонстрација на ефикасноста на МВР на дело.

Законско постапување и ефикасност се непознати теми за ВМРО-ДПМНЕ.

Разбираме дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем со засиленото спроведување на правдата но, нека се навикнат, почитување на законите, ред, правда и дициплина мора да има.“