Македонија 21. август 2019. / 13:51

Откако Јанева е уапсена, дали следни за апсење ќе бидат Кики, Фрики и Шеки?

Откако Јанева е уапсена, дали следни за апсење ќе бидат Кики, Фрики и Шеки?

Полицијата по налог ЈО ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.

Наредната локација на која полицијата врши претрес е канцеларијата на Јанева во СЈО, по што ќе следи понатамошна судска постапка. Останува нејасно дали сега почнува целата операција и дали ќе се стигне до мозоците на случајот односно Фрики, Кики, Шеки и другите лица раскажани со псевдоними.

Упатените коментираат дека сега случајот треба да добива расплет, а не со ова да се заврши.