Македонија 22. април 2020. / 20:33

Осумчасовно работно време во Владата и министерствата

Осумчасовно работно време во Владата и министерствата

Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата,  министерствата и другите органи на државната управа,согласно со измените и дополнувањата на одлуката за ограничување на движењето.

Според усвоениот распоред, се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.