Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство.
Во Скопје има најмногу новозаболени – 90, во Свети Николе – 24 и во Куманово – 17.
Останатите случаи регистврира по градови се: Дебар 6, Штип 9, Прилеп 3, Тетово 12, Струга 12, Битола 2, Охрид 4, Кавадарци 2, Гостивар 5, Струмица 2, Радовиш 1, Крушево 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Кичево 3, Ресен 2.
Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од:
-Скопје 94
-Дебар 1
-Штип 4
-Прилеп 1
-Тетово 9
-Струга 1
-Охрид 6
-Гостивар 2
-Крушево 1
-Македонски Брод 1
Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.