Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и донесе решение со кое му одреди притвор од осум дена на Емил Јакимовски.
„Осумдневниот притвор му е одреден затоа што станува збор за скратена постапка, а исполнети се условите за опасност од бегство, бидејќи станува збор за дела против јавниот ред и моралот“, информираат од Кривичниот суд.
Јакимовски попладнево беше на распит во обвинителството за семејно насилство и неизвршување на судска пресуда.
После повеќекратни закани кон повеќе лица и загрозување на сигурноста, тој синоќа беше приведен.
Јакимовски освен на новинарките Јордановска и Коровешовска им се заканувал и на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, по што во средата беше повикан на распит во полицијата.
Колегите на Јакимовски веќе ги пријавиле заканите во полиција.
Јакимовски минатиот викенд доби отказ од Централниот регистар поради нарушување на угледот на институцијата, откако ја хакираше фејсбук-страницата.