Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархели.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, главна тема на разговорите ќе биде статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на новата методологија.
На средбата со еврокомесарот за проширување ќе се разговара и за статусот на реформите и останатите актуелности во земјава.