Македонија 19. април 2020. / 13:15

Османи: Велигден преставува симбол на надежта, заедно да ја победиме заканата од Ковид-19

Османи: Велигден преставува симбол на надежта, заедно да ја победиме заканата од Ковид-19

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи преку видео порака на сите православни граѓани  им го честита празникот Велигден.

Во своето обраќањe Османи, истакнва дека Велигден преставува симбол на солидарноста, добрината и пред се на надежта.

– Интересирајќи се за важноста на овој празник впечаток ми остави вербата во силата на животот да ја победи смртта како универзална вредност за моќта на надежта и победата на доброто врз злото. Денес кога пандемијата Ковид-19 преставува закана за нашите животи победата на животот над смртта преставува убава порака за охрабрување која ни влева надеж, дека заеднички ќе ја издржиме оваа криза, и заедно ќе ја победиме оваа закана, рече Османи.

Воедно, тој празникот им го честита на православните сограѓани, Македонци и Албанци, и сите кои што слават денеска Велигден, додавајќи нека вредностите на солидарност, добрина и надеж кој ги симболизра овој празник, во име на заедништвото, ги посакува за сите.