Вицепремиерот Бујар Османи утрово предупреди дека денеска бројката на новозаразени е уште повознемирувачка и апелира да се почитуваат мерките на претпазливост.
-Добро утро,
Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%
не биди причина за смртта на најблиските
П.С Денес бројот е уште позагрижувачки!, стои во неговиот пост на Фејсбук.