Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, смета дека со недобивањето на датум за отворање на преговорите со Европската Унија, Македонија е колатерална штета.
Тој ова го истакна во телефонско влучување во емисијата „Топ Шоу“(Top Show) на една од најгледаните телевизии во Албанија „Топ Ченл“ (Top Chenal).
Вицепремиерот посочи дека влегувањето во „пакет“ со Албанија не е причината за недобивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ.
– Имаше обиди за такви интерпретации, но мислам дека не беше тоа, не бевме колатерална штета на обидите со Албанија. Ние бевме колатерална штета на дилемама на Франција за проширувањето воопшто – рече Османи.