Македонија 02. октомври 2019. / 21:20

Османи: Самитот во октомври е самит со историски момент, кој ќе ја одреди иднината на прошиувањето

Османи: Самитот во октомври е самит со историски момент, кој ќе ја одреди иднината на прошиувањето

Дилемите на Франција за проширување на ЕУ не се однесуваат на Република Северна Македонија, тие очигледно ги препознаваат и признаваат успесите и на политички план и во делот на реформите со сите очекувања да се направи повеќе, истакна вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на дебата на Тв Телма.

Вицепремиерот потенцира дека има впечаток, од последната средбата со министерката за европа на Франција Натали Лоазо, дека во Париз се сфаќа важноста на одлуката во октомври.

Самитот во октомври не е обичен самит на кој се носи некаква обична одлука, туку историски момент кој ќе ја одреди иднината на прошиувањето на регионот, нагласи Османи.

Тој е уверен дека земјава ќе ги почне преговорите и дека во декември или најдоцна март ќе се одржи меѓуресорската конференција.

Моите информации се дека првиот предлог или драфт верзијата е предложено таа да се одржо во декември. Денеска чувме дека има забелешки на одредени земји членки дали би биле подготвени да се заврши преговарачката рамка и оваа средба да се одржи во декември или да се одложи за јануари, февруари, март, но, секогаш зборуваме во контекст дека временските обврзани периоди се веќе запоќнати, рече Османи.