Македонија 13. август 2018. / 17:20

Османи: Кампањата за референдумот ќе биде информативна, а не пропагандистичка

Османи: Кампањата за референдумот ќе биде информативна, а не пропагандистичка

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи рече дека ќе има две нивоа на кампања за референдумот и истата ќе биде информативна, а не пропагандистичка.

Во кампањата ќе бидат вклучени паритиите заедно со коалиционите партнери.

„Незнаењето на точните информации од договорот е најголемиот проблем. Ќе им се укаже на граѓаните кои се позитивните, а кои негативни делови од договорот. И денешниот настан го искористивме за да испрстиме порака за иднината, а не да се враќаме на минатото“, вели Османи за време на прославата за Рамковниот договор.