Во неделното интервју на Радио Слободна Европа вицепремиерот Бујар Османи вели дека има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието.
Но процесот ќе биде во консултација со меѓународни партнери, вели тој.
„Помирувањето не значи помилување, не значи амнестија како што беше сфатено. Обврска на премиерот е да ја покрене, да ја лансира идејата дека државата има потреба од помирување и ајде да ги видиме примерите, какви примери има во светот, коишто можат да бидат добра пракса, а ние можеме да ја имплементираме. Но, реков дека во тој процес на помирување не смее на ниеден начин да се промовира принципот на неказнивост на тие што се директно вклучени во насилство или организатори на насилство и тоа се тие црвени линии кои ги кажуваме во тој процес. Но доколку има добри практики во светот за помирување за настани од сличен карактер, дајте да ги разгледаме, државата сега има потреба од тоа, но никако тоа нема да го направиме надвор од линиите што ги поставува ЕУ3, вели тој.