Македонија 02. јули 2020. / 12:58

Османи: Договорот со Бугарија ќе биде услов во преговорите со ЕУ

Османи: Договорот со Бугарија ќе биде услов во преговорите со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи запрашан дали договорот со Бугарија е во посебно поглавје, Османи рече дека во овој предлог текст го нема во посебно поглавје, туку е ставен заедно со Копенхашките критерируми и со обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, кои што ќе бидат како основни предуслови на кои ќе се дефинира целиот преговарачки процес.

Задоволни сме од неутралноста на комисијата по однос на различните позиции, вклучувајќи го и прашањето на договорите со соседите. Апсолутно, ниту очекувавме дека нема да бидат тука договорите со соседите, бидејќи сме свесни дека потпишавме договор и сме преземале обврски, кои што ни беа услов за започнување на преговорите и ќе ни бидат услов и понатаму во процесот на напредување во преговорите, изјави Османи