Министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека бугарскиот премиер Бојко Борисов бил јасен дека не сакаат да ни бидат пречка за Европската иднина, објави ТВ21.
–Премиерот Борисов изјави дека Бугарија не би сакала да биде пречка за Европската иднина и дека треба во овој момент да се искористи за да се направи пробив во историските комисии, во политичките односи, истакна Османи.