Македонија 17. јануари 2020. / 22:25

Османи: Без нов закон за ЈО, Македонија ризикува да им даде алиби на скептичните членки на ЕУ

Османи: Без нов закон за ЈО, Македонија ризикува да им даде алиби на скептичните членки на ЕУ

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во интервју за „360 Степени“ истакнува дека е неопходно за Македонија да се донесе нов закон за јавното обвинителст, за да се зголемат шансите на земјава да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

– Формален услов ние немаме после чистата препорака и одлуката на советот, меѓутоа имајќи предвид дека владеењето на правото е континуиран бенчмарк за прогрес на европскиот пат, можеме да го интерпретираме и така. Иако не е црно на бело пишан услов, но бидејќи е толку многу навлезено во перцепцијата на земјите членки дека е тоа важно, некако станува многу важно да ни го олесни патот за започнување на преговори оваа пролет. Во спротивно би ризикувале многу да им дадеме алиби на земји членки кои се и така скептични на процесот, а со донесување на законот едноставно би ги затвориле сите можности процесот да не се затвори – смета Османи.

Вицепремиерот вели дека и Франција и Холандија инсистираат на потребата од донесување на овој закон и покрај тоа што предметите и обвинителите од СЈО се префрлени во редовното обвинителство.

Потребата од изнаоѓање на консензус за прашањето за борба против корупција од високо ниво е многу важно во перцепцијата на земјите членки. Бидејќи тука нема само супстанца, има и симболика, дека постигнавме консензус, со двотретински закон, дека корупцијата на високо ниво ќе биде предмет на таргетирање во наредниот период. Перцепцијата е многу важна во политиката и во одлучувањето – вели Османи.