Сашо Орданоски во својата колумна “Сите луѓе на Премиерот” вели дека постојат темелни разлики помеѓу министерот Оливер Спасовски и Зоран Верушевски, советникот за национална безбедност на Заев.
“Па, на пример, погледајте ја реформата во секторот на внатрешните работи и тајните служби: и врапчињата на гранка знаат дека помеѓу д-р Зоран Верушевски, советникот за национална безбедност на Заев, од една страна, и актуелното раководство во УБК и министерот Оливер Спасовски, од друга, постојат темелни разлики во реформските концепции на овој сектор на безбедноста, па процесот не се одвива со потребната реформска брзина и неопходната „длабочина“ на реформските зафати. Но, во „советнички“ конципираното владеење на премиерот, и МВР се колеба во својата решителност за побрзо одвивање на реформите, а и другите политички структури (како парламентарната група на СДСМ, да речеме) немаат јасни сигнали за тоа „на чија страна“ да застанат.” пишува во својата колумна Сашо ордановски.
Во неговата колумна Ордановски го критиктува Заев за големиот број на советници и дека сите одлуки и менаџирање на процесите се водат во кабинетот на премиерот а министерствата и министрите служат само за спроведување на желбите од кабинетот на Заев.