Македонија 08. април 2020. / 17:15

Орданоски: Ние подобро се справуваме со короната од Данска, Холандија, Шведска и Норвешка!

Орданоски: Ние подобро се справуваме со короната од Данска, Холандија, Шведска и Норвешка!

Фрапантни сознанија изнесе во својата колумна провладиниот пропагандист Сашо Орданоски.

Орданоски во неговата колумна за пропагандниот сајт на владејачката СДСМ, Цивил Медија, статистички констатирал дека нашата влада подобро се справува со смртоносниот вирус „COVID-19“ од многу скандинавски и европски земји.

-Не се ова којзнае колку поголеми земји од Македонија (на пример, намерно не ја земав Холандија предвид, која со 17 милиони жители ми се виде „преголема“ за споредба со нас, а таму има над 20.000 заразени и повеќе од 2.100 починати), иако нивните здравствени системи се „небо и земја“ во споредба со нашите медицински капацитети. Па, сепак, дури и најповршно земено, во објективните споредбени податоци нашата земја, па и поголемиот дел од Балканот, воопшто, стои очигледно подобро со справувањето со вирусната криза. (Со неопходната додавка: до сега!) – пишува Орданоски.

Инаку, реалноста е дека во нашата земја до овој момент има 29 мртви од корона вирусот и само 35 излекувани. Ова значи дека ние сме буквално на светското дно, затоа што дури 45% од завршените случаи со корона завршиле со смрт. Оваа бројка е повеќе од двојно повисока од светскиот просек, каде само 21% од затворените случаи завршиле со смрт.

Во исто време, Орданоски го занемарува фактот дека Македонија е на неславното прво место на црната листа на починати од коронавирусот на милион жители. На листата на која се наоѓаат земјите од регионот кои имаат слични здравствени системи, правила и традиции Македонија е на прво место со 12 мртви на милион жители.

Целата колумна на Орданоски, која изобилува со лажни вести и весела математика, можете да ја прочитате на следниот линк.