Претседателот на унгарската влада, Виктор Орбан до Кабинетот на премиерот, Зоран Заев, испратил писмо со честитки по повод договорот за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји, соопшти владината прес-служба.
Во писмото, кое Орбан го потпишал и во име на Вишеградската Четворка, го поздравува решението што Македонија и Грција го најдоа во врска со прашањето за името.
Орбан во писмото, истакнал и дека „Унгарската Влада постојано, преку сите форуми се залага за забрзување на евроатлантската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, така и за Република Македонија“, и додал дека Унгарија го поддржа усвојувањето на резолуцијата на Европската Унија со која се овозможува започнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
Владината прес-служба соопшти дека Орбан во писмото до Заев нагласил дека Унгарија ја поддржува поканата за членство што нашата земја ја доби од НАТО на 11 јули